Вести

ВИДЕО: Говор на Ердоган во Њујорк предизвика масовна тепачка

Уште една посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Соединетите Американски Држави и уште еден насилен инцидент.

Овој пат местото на случајот е Њујорк, за време на работата на 72 седница на Генералното Собрание на Обединетите Нации.

Насилството овој пат изби за време на говор на Ердоган во хотел во Њујорк, два дена откако неговото обраќање во ОН.

Настапите на Ердоган во странство често се пратени со протести против, како што велат демонстрантите, тешките кршења на човековите права под неговата власт, а ниту овој пат тоа не беше исклучок.

За време на говорот на Ероган, кој беше на турски јазик, младо момче во публиката го прекина говорот викајќи „Ти си терорист! Губи се од мојата земја“. Потоа уследи општ хаос во салата.

Бројните поддржувачи на турскиот претседател почнаа да го скандираат неговото име за да ги задушат повиците на младото момче. Обезбедувањето почна на сила да ги исфрла демонстрантите од кои неколку завршија и на подот.

Не е познато дали обезбедување била американската Тајна сужба или и личните бодигарди на Ердоган, или пак можеби, хотелското обезбедување.