Вести

ВИДЕО: Асфалт кој „дише“, неверојатна снимка по земјотресот во Мексико

Два дена по земјотресот во Мексико, на една напукната улица е забележана необична глетка. Имено, додека тлото се смирува по потресите, асфалтот се поместува како да „дише“. Иако се гледа дека под испуканиот асфалт е провалија, луѓето трчаат преку улициата и поминуваат со возило за да се спасат.