Вести

Важно соопштение од НАСА за крајот на светот

Повеќе пати годишно теоретичарите на заговор предвидуваат крај на светот, а се почести се верувањата дека на Земјата ќе и пресуди планетата Нибиру, според верувањата, треба да удри во нас на 23 септември.

Верувале или не, НАСА мораше да се огласи со официјално соопштение во кое објаснува дека планетата X или Нибиру не постои и со самото тоа не претставува опасност за Земјата.

-Голем број луѓе предвидуваат дека на 23 септември ќе се случи судар меѓу Земјата и извесна планета Нибиру. Таа планета не постои, а со самото тоа не може ни да удри во Земјата. Станува збор за интернет завери за кои не постои фактична основа. Доколку постоеше таква планета и навистина одеше кон Земјата, би била забележана пред повеќе од деценија до сега би била видлива со голо око на небото. Нема докази, ниту научни основи за овие тврдења, истакнува НАСА.

Инаку, планетата Нибиру веќе неколку пати требаше да „удри“ во Земјата – од 2003 до 2012 нејзиниот удар е најавуван неколку пати, а ова е прв пат НАСА да реагира по ова прашање.