вторник, 21. август 2018. Вести денес: 11
home Вести

Ужас кој ќе го боли цел живот: Спасувач го извлече телото на мајка му од урнатини (ВИДЕО)

-Имав некое многу чудно чувство. Срцето ми велеше дека нешто страшно се случило, раскажува Салим.
Ужас кој ќе го боли цел живот: Спасувач го извлече телото на мајка му од урнатини (ВИДЕО)

Од 2013-та година работи како спасувач и  тој има извлечено многу луѓе на кои им ги спасил животите.

Но последниот повик ќе го боли цел живот. Од урнатините го извлече мртвото тело на неговата 80-годишна мајка.

Во Источна Гута, последниот бастион на опозицијата на влезот на главниот град, живеат под опсада околу 400.000 Сиријци.

Минатата недела владини борбени авиони извршија петдневна акција за бомбардирање во која загинаа околу 250 цивили, а стотици беа ранети.

-Имав некое многу чудно чувство. Срцето ми велеше дека нешто страшно се случило, раскажува Салим.

Интуицијата не го излажала. Кога стигнале на повикот во неговата улица, семејната куќа била во урнатини.

Веднаш се фрлил на работа. Ги спасил татко му, 23-годишниот внук со снаата и бебето, но кога стигнал до мајка му било предоцна.

Ги викнал колегите за да го извлечат нејзиното безживотно тело од под урнатините.

-Повикав засилување, но беше доцна, вели тој низ солзи.