понеделник, 18. јуни 2018. Вести денес: 24
home Вести

УЖАС: Ајкули умираат поради поларните студови во САД (ФОТО)

УЖАС: Ајкули умираат поради поларните студови во САД (ФОТО)

Ширум САД, освен во југозападните држави, оваа новогодишна ноќ ќе биде постудена од вообичаеното, пренесуваат тамошните медиуми кои наведуваат примери кои сигурно ќе натераат многу Американци, наместо да прослават на отворено, да се задоволат со одбележување на Новата година во удобноста на своите домови.

Според едно од тврдењата, во сојузната држава Масачусетс пронајдена била мртва ајкула на брегот на Заливот Кејп Код, а една од организациите кои се посветени на зачувување на популацијата на белата ајкула, наведува дека две мртви ајкули биле пронајдени и во средата, откако тие „најверојатно заскитале во плитките води поради шок предизвикан од ладното време“.