Вести

Унгарија: Уапсен српски државјанин, пренесувал мигранти од Индија и Пакистан

Унгарската полиција уапси српски државјанин кој прошверцувал 18 мигранти преку границата, јави новинската агенција Танјуг.

Унгарските полицајци го запреле 22 огдишниот српски државјанин кој патувал преку Унгарија кон Австрија. Во возилото Рено имало 18 лица од Пакистан и Индија кои немале документи за легален престој во Унгарија.

Унгарија воведе високи затворски казни за трговија со луѓе, по големата мигрантска криза во 2015 и 2016 година.