Вести

ЦРН БИЛАНС НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД: 13 загинати, 50 повредени- две лица приведени!

Тринаесет лица загинаа, а најмалку 50 други се повредени, кога денеска комбе влета во пешаци во центарот на Барселона, соопшти каталонската полиција, која претходно случајот го оквалификува како терористички напад.

Шпанскиот весник „Публико“ објави дека во врска со нападот полицијата привела две лица, од кој едниот е идентификуван како Дрис Укабир, на чие име е изнајмено комбето.

Инцидентот се случил на улицата Лас Рамблас, популарно место во близина на Плаза Каталонија.

Весникот „Ел Паис“ на својата веб страници објави дека е регистрирано и пукање во зоната околу блискиот пазар Ла Бокерија, иако не го посочи изворот на информацијата.

Дел од локалните медиуми јавија и дека двајца вооружени мажи се забарикадирале во еден бар во центарот на Барселона каде држат заложници. Засега не е јасно дали двајцата мажи забарикадирани во барот се поврзани со нападот.

Каталонскиот премиер Карлес Пучдемон го прекина годишниот одмор и се враќа во градот, јавија шпански медиуми.

Досега се регистирани седум напади на исламисти во Европа, по оној во Ница во јуни 2016 година.