Вести

Трамп набрзо ќе го назначи новиот директор на ФБИ, еве кој е најголемиот фаворит

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави дека е многу блиску до именување на нов директор на Федералното Истражно Биро (ФБИ), а агенцијата АП наведува дека тоа би можело да се случи денеска.

Трамп ја почнува турнејата во земјите од Блискиот Исток и Европа во повеќе од една недела нема да биде во САД.

Американскиот Претседател во четвртокот рече дека Џозеф Либерман, поранешниот сенатор од Кентаки е меѓу топ кандидатите за директор на ФБИ.

Трамп оваа недела разговарал со Либерман и уште тројца кандидати.

Трамп во минатата недела го смени шефот на ФБИ, Џејмс Коми, човекот кој беше на чело на агенцијата задолжена за истрагата со врските меѓу предизборната кампања на Трамп и Русија.