вторник, 16. јануари 2018. Вести денес: 98
home Вести

Трамп ја откажа посетата на Велика Британија

Трамп ја откажа посетата на Велика Британија

Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа посетата на Велика Британија што требаше да се оствари во следниот месец.

За време на посетата, Трамп требаше да ја отвори новата Амбасада на САД во Лондон.

„Причината поради која ја откажав посетата во Лондон е дека јас не го поддржувам решението на администрацијата на Барак Обама да ја продаде за „ситни пари“ една од најдобрите амбасади, која веројатно е на најдобра локација, само за да се изгради нова во Лондон, во оддалечен реон за 1,2 милијарди долари. Лоша зделка. Нема да ја пресечам лентата“, коментираше Трамп на Твитер.

Според „Гардијан“, Трамп ја откажал посетата поради стравување од масовни протести.

Британскиот премиер Тереза Меј го покани Трамп во државна посета при средбата во Белата куќа минатата година. Активисти се заканија дека ќе организираат масовни протести, а пратеници бараа да не се дозволи Трамп да зборува во парламентот.

Според „Дејли меил“, британската Влада не определила датум за државна посета на американскиот преседател, но договорила „работна посета“ што се совпаѓа со церемонијата на отворање на новата амбасада на САД. Таа била закажана за 26-27 февруари. Новата амбасада ќе ја отвори државниот секретар Рекс Тилерсон.