недела, 23. септември 2018. Вести денес: 26
home Вести

Трамп го смени Тилерсон, директорот на ЦИА е новиот државен секретар

Трамп го смени Тилерсон, директорот на ЦИА е новиот државен секретар

Американскиот претседател Доналд Трамп го смени денеска државниот секретар Рекс Тилерсон.

– Мајк Помпео, директор на ЦИА, ќе биде нашиот нов државен секретар. Од него чекаме фантастична работа. Џина Хаспел ќе биде новиот директор на ЦИА и прва жена на таа позиција. Честитки!, напиша Трамп на „Твитер“.

На чело на ЦИА е именувана Џина Хаспел, додегашен заменик директор.

Според анонимен претставник на Белата куќа, претседателот на САД сака да има нов тим пред планираните преговори со Северна Кореја и различни трговски преговори.

Тилерсон, поранешен извршен директор во Ексон Мобил ја извршуваше функцијата државен секретар нешто повеќе од една година

Директорот на ЦИА Мајк Помпео наведе по повод именувањето, дека е благодарен што претседателот  Трамп му дал шанса „да служи како директор на ЦИА и за можноста да служи како државен секретар“.

„Неговото лидерство ги направи САД безбедни и се радувам што го претставувам него и американскиот народ пред останатиот свет. Работата со големи луѓе во ЦИА кои се најнапредни и најталентирани државни службеници со кои се сретнав, беше една голема чест во мојот живот“, напиша Помпео во соопштение.

Џина Хаспел е прва жена именувана за нова директорка на ЦИА изјави:

– По 30 години работа во ЦИА, чест ми е што бев заменик на Мајк Помпео во претходната година. Благодарна сум за можноста дадена од претседателот Трамп и неговата доверба во мене да ме избере за нов директор на ЦИА.

МИА