Вести

Трамп го обвини ФБИ за вмешаност во досието за наводната сексуална уцена

Питер Фрич и Томас Катан, вработени во приватната разузнавачка компанија Фјужн, одбија да сведочат денеска пред американскиот Конгрес за нивната вмешаност во изработката на компромитирачно досие кое Хилари Клинтон го употреби во минатогодишната изборна кампања против Доналд Трамп.

Документот предизвика една од најголемите контроверзи на претседателската трка бидејќи во него се обвинуваше дека руски бизнисмени и разузнавачки агенти го компромитирале Трамп, снимајќи го во перверзни сексуални чинови за време на негов престој во Москва. Републикански членови на Конгресот ги повика вработените во Фјужн да дадат заклетва и да посведочат кој им платил да го подготват документот, за кој Трамп тврди дека е лажен. Фрич и Катан се повикаа на петтиот амандман, кој им дава право да не сведочат доколку со сведочењето може самите себе да се изложат на кривично гонење.

Републикански претставници тврдат дека Демократската партија на Клинтон платила за да се изработи ова лажно компромитирачко досие. Претседателот Трамп отиде чекор понатаму и ја обвини безбедносната служба ФБИ дека платила за фабрикување на оваа афера против него.

– Вработените во фирмата која е замешана во дискредитираното и лажно досие се повикаа на петтиот амандман. Кој им платил? Русија, ФБИ или демократите? Или сите три?, напиша Трамп на својот твитер профил.