Вести

Трагедија во Јоханесбург: 20 деца загинаа во сообраќајна несреќа

Најмалку 20 деца загинаа кога училишниот минибус што ги превезувал удрил во камион и во него избил пожар. Несреќата се случила во најголемиот град во Јужна Африка, Јоханесбург, соопшти локалната итна служба.

– Потврдено е дека загинаа 20 деца, изјави портпаролот на итната служба Расел Меиринг.

Повеќето деца биле заробени во завтобусот и веднаш починале при сударот, додаде тој.

Неколку деца ја преживеале несреќата и веднаш се хоспитализирани.

Истрагата за причините за несреќата е во тек.