Вести

Тилерсон: Во американскиот јавен живот нема место за омраза и насилство

Во американското општество нема место за омраза и насилство, какви што беа демонстрирани во Шарлотсвил, во државата Вирџинија, изјави американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, цитиран од британските меидуми.

Пред вчерашната средба со канадската колешка Кристија Фријланд, Тилерсон ги искоментира настаните од последните денови во Шарлотсвил.

– Едноставно нема место за таква омраза и насилство во американскиот општествен дискурс и сакам да го изразам нашиот прекор, рече тој.

Ден претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објаснуваше дека во насилството во Шарлотсвил учествувале и десничарски и левичарски екстремисти.

По настаните од викендот Твитер ги укина акаунтите поврзани со неонацистичкиот сајт Дејли Стормер, изведувајќи притисок од Силициумската долина врз приврзаниците на идејата за надмоќ на белата раса, пренесоа британските медиуми. Оваа социјална мрежа, стационирана во Сан Франциско, ги забранува заканите со насилство, малтретирање и поведение што предизвикува омраза, и „ќе преземе мерки против сите акаунти, што ја нарушуваат оваа политика“, се посочува во соопштението на Твитер.

Конкурентската компанија Фејсбук во последните неколку дена симна неколку страници од Фејсбук и Инстаграм, а кои беа поврзани со јазикот на омраза и организации кои проповедаат омраза.

Сајтот Дејли Стормер им помогна на белите националисти да ги организираат протестите во Шарлотсвил, каде 32-годишна жена беше убиена и 19 лица повредени од возило што се втурна во насобрана група, која протестираше против расисистички собир.

Стотици илјади луѓе вчера го исполнија историскиот театар во Шарлотсвил за да и оддадат почит на загинатата Хедер Хејер.

Дејли Стормер во последните денови беше достапен, но со прекини, а вчера ја премести својата адреса на интернет домејн во Русија, завршувајќи на .ru. Подоцна, во текот на денот, сајтот и на оваа адреса стана недостапен, посочија британските медиуми.