Вести

Тилерсон: Можна е воена акција против Северна Кореја

Воена операција против Северна Кореја е „опција која е на масата“, истакна американскиот Државен Секретар, Рекс Тилеросн при посетата на Јужна Кореја.

Посочи дека политиката на стратешко трпение заврши, и оти Соединетите Американски Држави истражува нови дипломатски, безбедносни и економски мерки.

Северна Кореја неколку пати беше во фокусот на јавноста, откако направи неколку нуклеарни проби, противно на Резолуцијата на Обединетите Нации.

Тилерсон е во посета на демилитиризаната тампон зона меѓу Северна и Јужна Кореја, зона која е остаток од Корејската војна во 1953 година.