Вести

Талибанците убиле околу 50 Авганистанци

Талибанските борци веројатно денеска убиле и повредиле повеќе од 50 Авганистанци при напад на џамија и менза во рамките на авганистанска воена база, изјави портпаролот на американската војска, опишувајќи го нападот како „значаен“.

talibanci

– Зборуваме веројатно за околу 50 жртви, истакна портпаролот на Централната команда на војската на САД Џон Томас.

– Цел на нападот беа џамија и менза во базата, објасни Томас.