понеделник, 21. мај 2018. Вести денес: 128
home Вести

Таа е монструм и касап: Оваа жена го уби малиот Габриел (ФОТО)

Цивилната гарда на Шпанија во неделата ја следела Кезада до куќата на бабата на Габриел, а таму таа го преместила телото на детето и го ставила во багажникот од автомобилот.
Таа е монструм и касап: Оваа жена го уби малиот Габриел (ФОТО)

Ана Хулија Кезада, девојка на таткото на 8-годишното момче кое исчезна пред две недели во Шпанија, призна дека го убила.

Кезада (43), која потекнува од Доминиканската Република, за време на испрашувањето од полицијата призна дека го убила синот на својот партнер Анхел Круз.

Таа беше главна осомничена во случајот, а денеска признала дека делувала сама.

Таа е поранешен касап, а ги погреа сомневањата на полицијата откако рече дека ја нашла маицата на малиот Габриел. Призна и дека ги фрлила неговите алишта во ѓубре.

Шпанската полиција цела недела ја набљудувала Кезада, бидејќи нејзиното однесување било сомнително, а во телевизиските изјави не покажувала сочувство.

Цивилната гарда на Шпанија во неделата ја следела Кезада до куќата на бабата на Габриел, а таму таа го преместила телото на детето и го ставила во багажникот од автомобилот.

Ја уапсиле кога се паркирала пред нејзиниот стан. Таткото на Габриел, Анхел не е осомничен.

Аутопсијата на телото од детето покажа дека е задавено.

El País во понеделникот објави дека властите барале криминално досие на Кезада и нашле дека претходно била осомничена за убиство на својата 5-годишна ќерка , која паднала од прозорец од станот во 1996 година, но судот одлучил дека смртта на детето е несреќа.