Вести

Таа е единствена жена во светот на која и е дозволено да патува без пасош

Британската кралица Елизабета II е господар на Велика Британија, Канада, Австралија, Нов Зеланд и уште неколку кралски земји на Комонвелтот, што со себе повлекува привилегии.

Една од нив е тоа дека кралицата може да патува во странство без патни исправи, со оглед на тоа дека сите пасоши во Велика Британија се издаваат на нејзино име.

Се работи за привилегија која ја има исклучиво кралицата Елизабета II која пак, не важи за останатите членови на кралското семејство.

Освен во земјите во кои владее, кралицата без пасош може да патува низ целиот свет, а во историјата, меѓу другото, ќе биде запаметена како британски монарх кој поминал најмногу земји (најмалку 116).

Кога се работи за привилегии, кралицата исто така има и имунитет од кривично гонење, право да објави војна на која и да е земја, вози без возачка дозвола, и единствена е што не мора да плаќа данок, иако тоа сепак го прави од 1992 година.