Вести

Стотици мигранти упаднаа во Мароко преку шпанската енклава Сеута

Стотици афикански мигранти утринава упаднаа во Мароко преку виоската ограда на шпанската енклава Суета и притоа неколку лица се здобиле со повреди.

migranti

Според проценка на локалната полиција, во градот успеале да влезат околу 500 лица.

Повредени се неколкумина мигранти, како и припадници на силите на редот, соопштија спасувачките служби и полицијата.

Локалните телевизии објавија видеа со групи од десетици воодушевени мигранти кои ги обиколуваа улиците на енклавата на брегот на Средоземното Море.

Шпанскиот Црвен крст им укажал помош на околу 400 лица, кои се примени во Центарот за административно задржување во Сеута.