Вести

„Сомнителниот пакет“ пронајден во Лондон не е опасен

Лондонската полиција соопшти дека „сомнителниот пакет“, поради кој попладнево на кусо беше евакуиран Леднхол Маркет во лондонски Сити, не е опасен.

Во полициското соопштение се наведува дека по проверката на пакетот е утврдено дека тој не претставува никаква опасност и го отвори пазарот за вработените и посетителите.

Леднхол Маркет, што се наоѓа во центарот на Лондон, е познат по големиот број продавници и барови, кои привлекуваат голем број постители.