Вести

Силен земјотрес го погоди Фиџи

Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во реонот на Фиџи, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Земјотресот бил на голема длабочина од 104 километри под дното на Тихиот Океан, со епицентар на 824 километри јужно од главниот град на Фиџи, Сува.

Засега нема податоци за жртви или материјални штети, а не е издадено ниту предупредување на можна појава на цунами.