Вести

„Си играле Хитлер“: Две тинејџерки направиле импровизирана гасна комора

Полската полиција повеќа истрага по повод скандалозната снимка каде две девојчиња кои се пофалија дека си „играле Хитлер“ и со дим од цигара во импровизирана гасна комора убиле глушец.

Двете 14-годишни девојчиња, ученички во гимназија во местото Жари на западот од Полска, купиле глушец во продавница за животни, го сместиле во картонска кутија со мал отвор и до низ тој отвор почнале во кутијата да дуваат чад од цигари.

Една од нив на снимката објаснува како „малку ќе си играат Хитлер“, а другата вели „вистинска гасна комора“, додека на крајот на снимката се појавува натпис „Првиот глушец погина со трагична смрт, но тинејџерката купила втор“, пренесуваат полските медиуми.

Снимката и веста за овој настан предизвика лавина негативни и огорчени коментари, посебно што младите на училиште учат за холокаустат и на екскурзија биле во наголемиот логор на смртта, кои германските нацисти го подигнале на југот на Полска, Аушвиц Биркенау, каде се наоѓа споменикот на жртвите од холокаустот.

Тинејџерките кои „си играле Хитлер“ во секој случај нема да останат неказнети зашто полицијата повела истрага, па макар тоа било и кршење на Законот за злоставување животни, преку кој можат да бидат најблаго казнати.