среда, 17. јануари 2018. Вести денес: 122
home Вести

Шпанскиот Врховен суд одлучи: Сменетиот каталонски потпретседател останува во притвор

Поради таквата одлука на судот, Жункерас нема да може да положи заклетва како пратеник на првата седница на регионалниот каталонски Парламент на 17 јануари.
Шпанскиот Врховен суд одлучи: Сменетиот каталонски потпретседател останува во притвор

Шпанскиот Врховен суд одлучи денеска на сменетиот каталонски потпретседател Ориол Жункерас да му го продолжи притворот, каде се наоѓа повеќе од два месеца, додека трае истрагата поради неговата улога во движењето за независност на Каталонија.

Врховните судии во образложението навеле дека постои опасност Жункерас, доколку биде ослободен, повторно да изврши прекршок бидејќи не постојат докази кои би покажале дека „го напуштил патот кој досега го следел“.

Поради таквата одлука на судот, Жункерас нема да може да положи заклетва како пратеник на првата седница на регионалниот каталонски Парламент на 17 јануари.

Жункерас е притворен на почетокот на ноември минатата година во Мадрид. Тој се соочува со обвиненија за евентуален бунт, проневера и агитирање, што според шпанскиот закон предвидува десетици години затворска казна.