Вести

Шпанската полиција го приведе осомничениот за минатонеделниот напад во Барселона

Јунес Абујакуб, лицето кое е осомничено за извршување на минатонеделниот терорстички напад во Барселона, е задржан од страна на шпанската полиција, јави ТАСС, повикувајќи се на шпанскиот весник „Вангуардија“.

Шпанскиот весник пишува дека наводниот терорист бил приведен во градот Сант Садурни д’Аноиа.

Истовремено, шпанското радио „Кадена сер“ јави дека шпанската полиција застрелала маж кој бил опремен со појас со експлозив во градот Субиратс, западно од Барселона.