Вести

Шкотска и северна Англија без струја, силен ветер корнеше дрјва

Силен ветер, со бризина до 42 метри во секунда, изминатата ноќ и утринава предизвика многу штети  во Шкотска и северна Англија, блокирајќи важни автопатишта, пренесе ТАСС.

veter-drvo-padnato

Ветрот соборуваше дрвја и ѕидови од тули и предизвика прекини во електроводите.

Славниот 2,5-километарски мост „Форт Роуд Бриџ“, што ја поврзува престолнината на Шкотска, Единбург, со североисточниот дел на британската провинција, е затворен за движење откако силниот ветар преврте товарен автомобил што се движеше по него.

Соборените дрвја блокираа многу патишта во западен Јоркшир.

Британската метеоролошка служба издаде предупредување за силен ветар и врнежи од снег во Шкотска, северниот дел на Англија и северна Ирска.