Вести

Шест лица се ранети во Анкара, откако врз нив паднал дрон

Шест лица се ранети, откако врз нив паднал дрон, кој летал на групата собрана пред Парламентот во Анкара синоќа по повод одбележување на првата годишнина од неуспешниот обид за преврат во Турција, јави турската телевизија НТВ.

Инцидентот се случил додека претседателот Реџеп Таип Ердоган држеше говор во врска со случувањата минатата година.

Двајца од шестмина ранети се хоспитализирани.