Вести

Се зголемува билансот на загинати: Тројца мртви во терористичкиот напад

Најмалку три лица загинаа, а 25 се повредени во терористичкиот напад што денеска се случи во Барселона.

Според шпанските медиуми, две вооружени лица зеле заложници откако претходно излегле од минибус, кој удри во пешаци кои се затекнаа на плоштадот Лас Рамблас.

Полицијата е во потрага по возачот на минибусот, кој веднаш побегнал од местото на инцидентот.