вторник, 16. јануари 2018. Вести денес: 44
home Вести

Се огласи таткото на брутално силуваното и убиено девојче од Пакистан

Се огласи таткото на брутално силуваното и убиено девојче од Пакистан

Таткото на 8-годишното девојче од Пакистан, чие брутално силување и убиство ја шокирало нацијата, денес ја обвинил полицијата за бавноста во истрагата, откако неговата ќерка исчезнала.

Убиеното девојче од градот Касур во регионот Панџаб, Заинаб Ансари, исчезнала минатата седмица додека од својот дом одела на исламска веронаука, а нејзиното тело било пронајдено на депонија во вторникот. Обдукцијата покажала дека прво била силувана, а потоа задавена. Во меѓувреме, била објавена снимка од надзорни камери на кои се гледа непознат маж, кој ја води Заинаб за рака. Меѓутоа, снимката не ја открила полицијата, туку роднина на девојчето.

Нејзиното страшно убиство предизвикало насилни протести во тоа подрачје. Демонстрантите, разбеснети од неадекватната полициска заштита на децата, вчера се обиделе да влезат во полициската станица. Во судирот со полицијата биле убиени две лица, три ранети. Тројца полицајци се уапсени поради отворање на оган во демонстрантите наместо во воздух.

Педофилите во истиот град киднапирале речиси 300 деца од 2009. година.

Во Касур, како што наведува локалниот командант на полицијата, минатата година веќе имало 12 слични случаи во кои девојчиња биле киднапирани, силувани и убиени. “Сите случаи се слични. Изгледа како во позадната да е сериски убиец”, рекол портпаролот на покраинската влада, наведувајќи сознанија од почетната истрага. Меѓутоа, како што јавува палестинскиот весник “Dawn”, полицијата во 2015. година открила организиран педофилски ланец, кој од 2009. киднапирал дури 280 деца.

Како што јавува “New York Times”, таткото на девојчето, Анес Ансари, бил на аџилак во Саудиска Арабија со својата сопруга во времето кога исчезнала неговата ќерка. Ансари се нашол со главниот министер на Панџаб, Шахбаз Шариф, кој дошол во Касур да се сретне со семејството на убиената.

“Доколку полицијата реагирала на време, извршителот ќе бил уапсен. Ние сега се плашиме да ги пуштиме нашите деца надвор од куќата. Како било нашето дете киднапирано на преполниот пазар?”, се прашал огорчено таткото во разговор со локалната телевизија. Мајката во истото интервју велела дека сака правда.

Убиството на малата Заинаб предизвикало општа згрозеност во пакистанската јавност, посебно поради фактот дека е само последно во низата, а десетици активисти за човекови права демонстрирале во Лахоре и Карачи.

Малала Јусафзаи, добитничка на Нобелова награда за мир, на Твитер порачала дека срцето и е скршено поради трагичната судбина на Заинаб и побарала нејзиниот убиец да биде уапсен.