Вести

Се катапултираше пилот на авион од носачот „Карл Винсон“

Пилотот на американскиот борбен авион „Ф/А-18 Супер Хорнет“ беше принуден да се катапултира додека се подготвувал да слета на американскиот носач на авиони „Карл Винсон“, соопшти денеска Пентагон.

Пилотот, кој не е идентификуван, бил извлечен со хеликоптер од водите на Целебеското Море, меѓу Индонезија и Филипините, стои во соопштението на американската морнарица.

Во соопштението се наведува дека нема „видливи повреди“ на пилотот.

Морнарицата на САД на 8 април објави дека јуришната група „Карл Винсон“ тргнала кон Корејскиот Полуостров во момент на растечки тензии поради нуклеарните амбиции на Пјонгјанг.

Меѓутона, „Би-Би-Си“ неодамна јави дека американскиот носач на авиони и другите воени бродиви не запловиле кон Северна Кореја, туку тргнале во спротивен правец.