сабота, 23. јуни 2018. Вести денес: 78
home Вести

САД го нормализираа издавањето визи во Турција

САД го нормализираа издавањето визи во Турција

Американската Амбасада во главниот град на Турција, Анкара денеска соопшти дека ги укинува сите ограничувања за издавање визи, кои беа воведе во октомври кога турските власти го уапсија Метин Топуз, вработен во Конзулатот на САД во Истанбул.

Топуз беше осомничен за поврзаност со мрежата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека е главен организатор на минатогодишниот обид за државен удар во Турција.

Според обвинението, Топуз организирал посети во САД на турски полициски офицери и обвинители, кои потоа учествувале во активностите на мрежата на Ѓулен против турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Топуз останува во притвор, но САД се согласија да го нормализираат визниот режим со Турција во замена за ветување дека нема да има натамошни апсења на турски државјани вработени во американските дипломатски претставништва или пак дека доколку некој биде уапсен, САД ќе бидат информирани на време.

– Ние сме и натаму сериозно загрижени поради постоечките обвиненија против вработени во нашата мисија во Турција. Исто така сме загрижени поради апсењата на американски државјани за време на вонредната состојба, соопшти американската Амбасада во Анкара.

Одлуката за ограничување на издавањето визи за турските државјани, предивика дополнителни тензии во односите меѓу Вашингтон и Анкара, кои се и онака обремените со одбивањето на САД да и го предадат на Турција пропведникот Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во американскара сојузна држава Пенсилванија.