недела, 25. февруари 2018. Вести денес: 1
home Вести

САД ги поздравуваат разговорите меѓу двете Кореи

САД ги поздравуваат разговорите меѓу двете Кореи

САД ги поздравија разговорите меѓу Северна Кореја и Јужна Кореја, односно учеството на Пјонгјанг на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во јужнокорејското одморалиште Пјонгчанг.

Стејт Департментот, сепак, предупреди дека американските претставници ќе побараат од Сеул гаранции дека испраќањето делегација од Пјонгјанг на игрите нема да ги наруши наметнатите санкции за Северна Кореја од страна на Советот за безбедност на ОН поради нејзините нуклеарни и балистички тестирања.