Вести

Руски пратеник уапсен поради затајување на данок

Француската полиција го уапси рускиот пратеник и бизнисмен Сулејман Керимов на аеродром во Ница, изјави претставник на француското Обвинителство.

Тој додаде дека Керимов е уапсен во понеделникот вечерта поради затајување на данок.

– Тој е приведен поради испитување за поврзаност со перење на пари и затајување на данок, посочи истиот извор.

На листата на „Форбс“ Керимов е 21. најбогат руски бизнисмен чии богатство се проценува на 6,3 милијарди долари. (МИА)