Вести

Романка се породи во противпожарно возило заглавена во снег

Бремена Романка утрово се породи во возило на локалната противпожарна служба, откако останала блокирана на патот поради снежните врнежи што го зафатија североисточниот дел на Романија.

romanija

Потпаролката за Службата на вонредни состојби од романскиот град Јаши, Силвија Болохан соопшти дека при породувањето на жената и помагала медицинска сестра вработена во локалната Брза помош, која исто така, останала заглавена на патот.

Болохан соопшти дека мајката и бебето се добро и дека набрзо по породувањето биле префрлени во болницата во Јаши.

Делови на Романија деновиве се зафатени од вистински зимски услови при што температурата во некои реони се спушти и до минус два степени.