понеделник, 10. декември 2018. Вести денес: 63
home Вести

Путин наредил соборување авион пред Олимпијадата во Сочи

Путин наредил соборување авион пред Олимпијадата во Сочи

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во 2014 година наредил да биде соборен киднапираниот патнички авион, за кој имаше информација дека ќе исфрли бомба на отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи.

Во документарниот филм „Путин“, емитуван синоќа на руската државна телевизија, рускиот претседател рече дека на 7 февруари примил повик од безбедносните служби одговорни за ЗОИ, непосредно пред церемонијата на отворање на Игрите.

– Ми беше кажано: Авион на пат од Украина кон Истанбул е под опсада, киднаперите бараат да слетаат во Сочи, изјави Путин.

Пилотите од турската авиокомпанија „Пегазус“ на аионот од типот „Боинг“ 737-800, кој летал од Харков кон Истанбул, пријавиле дека еден од патниицте има бомба и оти авионот мора да го смени курсот кон Сочи, се појаснува во документарецот. Во авионот имало 110 патници, додека на стадионот, каде требало да почне церемонијата на отворање на ЗОИ имало 40.000 луѓе.

Путин рече дека побарал совет од руските безбедносни функционери, а директорот на руската разузнавачка агенција ФСБ Александар Бортњиков му рекол дека, според вонредните процедури, во слични ситуации е предвидено соборување на авионот.

– Реков: Постапете согласно планот, рече Путин и дополни дека веднаш потоа заминал на стадионот со функционерите на Меѓународниот олимписки комитет.

Неколку минути подоцна, Путин примил уште еден повик од директорот на ФСБ, кој му кажал дека било лажна тревога, дека патникот бил пијан и оти авионот продолжува да лета кон Турција.

На прашањето како се чувствувал откако го примил повикот, рускиот претседател вели: Подобро да не зборувам за тоа.

МИА