Вести

Пуџдемон вечерва ќе им се обрати на Каталонците

Премиерот на Каталонија Карлес Пуџдемон најави дека вечерва, во 21 часот, ќе се обрати до Каталонците. Најавата доаѓа откако шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска соопшти дека почнува процесот на одземање на автономијата на Каталонија и побара избори на кои ќе се смени Владата на Пуџдемон.

Потегот на Рахој е прв чекор кон активирање на членот 155 од шпанскиот Устав, кој и дозволува на шпанската Влада да ја суспендира автономијата на некој од регионите доколку регионалните власти дејствуваат на незаконски начин и начин кој е штетен за интересите на Шпанија.