Вести

Пучдемон: Каталонија ќе продолжи по патот на независноста

Претседателот на каталонската Влада, Карлес Пучдемон денеска изјави дека нападите што се случија во Каталонија нема да влијаат и да го сменат патот кон независноста на оваа шпанска покраина.

 

– Жално е што вчерашните напади во двата каталонски града, Барселона и Камбрилс, се користат во политички цели, а исто така е бедно да се мешаат плановите на каталонската Влада за независност со тие напади, истакна Пучдемон за шпанското радио „Онда Серо“.

Владата на Каталонија за 1 октомври најави референдум за независност, што според шпанскиот Устав, е противзаконско.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој, кој синоќа пристигна во Барселона, апелираше за единство на Шпанија во борбата против тероризмот.