Вести

Пучдемон доби понуда за засолнување во Франција

Мала група која се залага за автономија со седиште блиду шпанската граница во Франција му понуди засолниште на лидерот на Каталонија, Карлес Пучдемон.

Претседателот на Комитетот за самопрогласување на Северна Каталонија, Роберт Касанова изјави за АП дека има вила во селото Теза на југот на Франција која е подготвена за Пучдемон, како и 20 до 30 станови на располагање за останатите членови на неговиот кабинет во случај да бидат принудени да ја напуштат Шпанија и да оформат каталонска влада во егзил.

Неговата организација бара поголема автономија за регионот на француските Источни Принеи, но не се бори за независност.

Тој истакна дека членови на неговата група се состанале со Пучдемон ова лето, но оти Барселона тогаш не изнесе никакви барања.

-Се додека не биде издадена меѓународна потерница против Пучдемон, тој ќе може да дојде во Франција, истакна Казанова.