Вести

Претскажа, но никој не му веруваше: Супермесечината го предизвика земјотресот (ФОТО)

Нов Зеланд вчера го погоди силен земјотрес, но во целата приказна најморничаво е тоа што потресот го предвиде Нигел Ентони Греј, предупредувајќи на треперење на тлото, кое може да го предизвика Суперемесечината.

Греј пред осум дена на ФБ напиша дека луѓето треба да се пазат бидејќи на 14 ноември и деновите околу тој датум би можел да се случи силен потрес. Верувал дека причината за тоа би била Суперемесечината, нагласувајќи дека месечината ќе биде поблиску до земјата од вообичаено и дека неговата гравитациска сила ќе биде многу поголема.

zemjotres-gif1

Потресот го погоди Нов Зеланд вчера вечерта, ден пред денешната појава на супермесечина.

Греј ги советувал луѓето да се снабдат со храна и вода. Неговиот статус кој дополнително е избришан, станал вирален откако потресот го погоди Нов Зеланд, а неговото има на ФБ од тогаш се споменало дури 38.000 пати.