Вести

Преостанатите од службите на Обама работат против Трамп

Се води повеќемесечна тајна кампања од луѓе на Обама кои сакаат да го „хендикепираат“ безбедносниот систем на Трамп. Добро се организирани, раководени од поранешниот Заменик Советник за национална безбедност, Бен Роудс, пишува конзервативниот сајт breitbart.com

slika

„Преостанатите“ од службите на Обама се добро организирании раководени од поранешниот заменик советник за национална безбедност, Бен Роудс. Прв успех им е соборувањето на советникот за надионална безбедност на Трамп, Мајк Флин, кој се подготвуваше да објави детали за намерно криење на информации од администрацијата на Обама поврзани со договорот со Иран. Протекуваат строго доверливи информации, што значи дека тие луѓе се високо во хиерархијата на безбедносните служби.

Не е изненадувачи тоа што луѓе од претходната власт сакаат да го зачуваат наследството на Обама, кои се замислуваат дека се храбри борци во отпорот против “тиранијата“ на Трамп, затоа што Русија ги украла изборите. Тие веруваат дека администрацијата на Обама имала мисија на месија да ја промени Америка. Се поврзуваат  со долгогодишните бирократи и многу новинари на нивниот список.

Интернет страната breitbart.com деновиве пак излезе со текст се со цел да ја опише поранешната влада т.е „владата во сенка“ на Обама која има намера да го попречи Трамп во неговото формирање на централна команда во Вашингтон, како и нивно континуирано учество и вршење на активностите.

Во текстот се обвинува поранешниот претседател Барак Обама дека тој дури и бил активно вклучен во формирањето на новата централна команда во Вашингтон.

„The Washington Free Beacon“, пак во вторникот излезе со текст  дека во Белата куќа неколку месеци по ред се спроведува тајна кампања од страна на поранешната администрација на Обама, за да го хендикепираат апаратот за национална безбедност кои ги чува информациите и договорот на Обама со Иран.