Вести

Португалската полиција заплени 10 тони хашиш на брод во Средоземно Море

Португалската полиција соопшти дека по едногодишна истрага во акција на брод што пловел по Средоземно Море запленила околу 10 тони хашиш, пренесоа американските медиуми.

Во операцијата учествувале пет европски земји и две европски агенции, меѓу кои и Европол.

Поморската флота и Военото воздухопловство на Португалија ја спровеле нејзината последна фаза.

Запленетата дрога од бродот била спакувана во 333 бали, а на бродот била натоварена од една неименувана северноафриканска земја.

Дрогата била наменета за земји во Европа.

Уапсени се двајца Португалци и четворица странци. Тие ќе бидат изведени пред суд.