Вести

Порторико неколку месеци ќе остане без електрична енергија, еве ја причината

Ураганот Марија предизвика прекин на струјата ширум Порторико, каде живеат 3,5 милиони жители, соопштија тамошните власти.

Гувернерот на Порторико, Рикардо Росело го нарече ураганот „најразорна бура“ во последните 100 години и истакна дека Марија ја уништила електроенергетската мрежа на тој остров толку многу што ќе бидат потребни неколку месеци да се врати струјата.

Најмалку 10 луѓе загинаа ширум Карибите поради ураганот.

Властите ги предупредија луѓето да се префрлат на повисок терен поради катастрофалните поплави, а се предвидува дека до сабота ќе падне уште 76 сантиметри дожд.

Ураганот остави пустош во Порторико, а илјадници луѓе побарале спас во засолништа.