Вести

Поради сомнителен пакет евакуиран американскиот Конзулат во Цирих

Зградата на американскиот Конзулат во швајцарскиот финансиски центар Цирих денеска беше евакурана, откако вработени на влезот пронашле сомнителен пакет.

Швајцарската полиција соопшти дека околу зградата се распоредени полициски сили, но не обелодени повеќе детали за инцидентот.(МИА)