Вести

Полицајци убија глув маж зашто „ги игнорирал нивните наредби“

Американски полицајци усмртиле глув маж во Оклахома додека им се приближувал носејќи во рацете метална цевка, јавуваат западните медиуми.

Мажот е убиен поради „игнонирање на полициска наредба“.

Двајцата полицајци пред да отворат оган на глувиот човек, не ги слушнале соседите кои викале дека мажот со стапот не може да ги слушне, изјави претставникот на полицијата, Бо Метју.

Магдиел Санчез е застрелан во вторникот вечерта за време на полициската потрага за возач кој со автомобил удрил во друго возило и побегнал од местото на несреќата.

Во тек е истрага за убиството на Санчез.

-Во вакви ситуации, кога постои оружје, може да дојде до таканаречен тунелски вид, наведе Метју, додавајќи дека Санчез бил на околу четири и пол метри од двајцата полициски службеници кои симултано пукале.

Полицаецот Кристофер Барнс пукал од пиштол во истиот момент кога другиот полицаец, Метју Линдзи го употребил електрошокерот, изјавиле сведоци.

Цевката со должина од 60 сантиметри кои Санчез ја држел во рака додека седел во својот двор, полицајците го објасниле како стап.

Соседите велат дека Санчез бил глувонем, а ја користел цевката и рацете за да се разбере со другите, но и за да се заштити од улични кучиња кои доаѓале во близина на куќата каде тој живеел со својот татко.

Таткото на убиенот кој бил зад воланот на возилото кое учествувало во сообраќајната несреќа потврди дека неговиот син бил глув.

Полицијата наведува дека убиенот Санчез немал криминално досие.

Полицајцот кој пукал со пиштол е под истрага и е суспендиран, а полицаецот кој користел електрошокер останува на должност. Ниту еден од нив двајца не носел камера на униформата.