сабота, 17. февруари 2018. Вести денес: 70
home Вести

По рекордните врнежи, комуналните служби во Москва ќе исчистат 72 милиони метри кубни снег

По рекордните врнежи, комуналните служби во Москва ќе исчистат 72 милиони метри кубни снег

Комуналните служби во Москва ќе мораат да исчистат речиси 72 милиони кубни метри по најобилните снежни врнежи во овој век во руската престолнина, изјави заменикот-градоначалник Пјотр Бирјуков.

– Речиси 72 милиони метри кубни снег, кој падна последниве денови, мора да биде исчистен. Вчера исчистивме 1,2 милиони кубни метри, а денеска ќе продолжиме. Околу 16 милиони кубни метри снег се отстранети оваа зима, прецизираше Бирјуков.

Инаку, изминатата ноќ во Москва беше најстудената од почетокот на зимата. Живата на термометарот во главниот град на Русија се спушти до 16,2 степени под нулата, соопшти националната метеоролошка служба.

Синоптичарите и за денеска најавуваат снег, облачно време и температура од минус 10 степени.