четврток, 26. април 2018. Вести денес: 153
home Вести

Паника во Багдад поради земјотрес, силен потрес и во Иран

Паника во Багдад поради земјотрес, силен потрес и во Иран

Земјотрес со интензитет од 5,5 по Рихтеровата скала го потресе Багдад и централниот дел од Ирак.

Според локални медиуми, земјотресот и последователните потреси предизвикале паника во центарот на Багдад каде жителите бегале од зградите.

Нема извештаи за жртви или материјална штета. Иранската телевизија јави дека спасувачки тимови се испратени во покраината Керманшах на границата со Ирак по земјотресот.

Минатата година во земјотрес во Керманшах загинаа 620 луѓе и беа повредени неколку илјади луѓе.