вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 111
home Вести

Пад на акциите на Ербас по проблем со авионски мотори

Пад на акциите на Ербас по проблем со авионски мотори

Вредноста на акциите на европскиот производител на патнички авиони Ербас се намали денеска откако компанијата беше принудена да го запре тестирањето на новиот модел А320нео поради проблем со моторите.

Акциите на компанијата забележаа пад за 1,1 процент веднаш по објавувањето на веста дека има одредени проблеми со моторите, произведени од компанијата Прат и Витни. Ербас информираше дека е во разговор со авио-компаниите кои го порачале новиот авион за да се утврди кога леталата ќе може да бидат испорачани.

А320нео е изработен токму со цел да се употребат новите авионски мотори Прат и Витни ПВ1000Г, дизајнирани да бидат поекономични и потивки.