Вести

ОН ќе гласа за продолжување на истрагата за хемискиот напад во Сирија

Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа за тоа дали ќе биде продолжена меѓународната истрага за нападот со хемиско оружје во Сирија.

 

Постои сомнеж дека на гласањето му се заканува вето од Русија, која е сојузник на Сирија и сака прва да ги прегледа извештаите од истрагата, пред да биде донесена одлука.

Во април годинава, наводно беше извршен напад со отровот сарин во сирискиот град Кан Шејкун.