Вести

Ниту во случај на нуклеарен удар никој ништо не му може на Трамп: Ова е неговиот летачки воен штаб (ВИДЕО)

Доколку би дошло до нуклеарен удар или крај на светот, американскиот претседател Доналд Трамп во тој случај би бил во специјално дизајниран авион, кој инаку секогаш го прати авионот „Air Force 1“, од кој во воздух би се издавале директиви.

 

Официјално е познат како „National Airborne Operations Center“.

Овој „Boing E-4Bs“ чини дури 250 милиони долари, а еден час неговата работа чини 160.000 долари. Авионот има широк спектар на одбранбени механизми, вклучувајќи ја и способноста да издржи електромагнетни импулси.

Посадата на авионот користи традиционални аналогни инструменти за летање во кокпитот, затоа што се помалку подложни на сајбер напади. Иако овој авион не е техничка тајна, најсигурен е за претседателот на САД, во случај на Ладена војна или нуклеарен напад.

За разлика од церемонијалниот и комфорен „Air Force 1“ авионот, главната соба е „воена“, во која седат десетина воени аналитичари, стратези и помошници за комуникација која ќе ја води претседателот низ првите денови на нуклеарна војна.

Исто така, поседува и посебна опрема како што е антена долга осум километри, како претседателот би можел да остане во контакт со флотата на нуклеарните подморници и после уништувањето на комуникацијата на земјата.

Во текот на последната деценија од Ледената војна, авионот „E4B“ бил приземјен во воздухопловната база Ендруз во Мериленд.

Откако е Трамп на власт и кога е во САД, авионот е секогаш во состојба на припрапвност во Омахо, во државата Небраска.