петок, 23. февруари 2018. Вести денес: 11
home Вести

Невремето предизвика хаос во Канада, 90.000 домаќинства останаа без струја

Речиси 90.000 домаќинства во канадската провинција Нова Шкотска останаа без електрична енергија поради силните ветрови.
Невремето предизвика хаос во Канада, 90.000 домаќинства останаа без струја

Речиси 90.000 домаќинства во канадската провинција Нова Шкотска останаа без електрична енергија поради силните ветрови.

Во ноќта на неделата кон понеделникот јачината на ветровите достигнала до 110 километри на час, што довело до соборување на голем број дрва кои ја оштетиле електричната мрежа.

Поради лошото време се откажани голем број летови.

Околу 650 лице работат на терен со цел да ја поправат оштетената електрична мрежа. (МИА)