Вести

Несреќа во Нигерија, загинаа 30 навивачи на Манчестер јунајтед

Најмалку 30 лица загинаа, а 11 се повредени во Калабар, Нигерија, кога електричен кабел падна на зграда каде поголема група била собрана да го гледаат натпреварот од Европската лига меѓу Манчестер јунајтед и Андерлехт, јавија локалните медиуми.

navivaci

Едно лице е во критична состојба. Според локалните медиуми, во моментот во објектот имало околу 80 лица, но останатите успеале да побегнат.

Според наводите на нигериската полиција, несреќата се случила синоќа, околу 22.00 часот.

На својот Твитер налог, управата на Манчестер Jунајтед денеска изрази сочуство до семејствата и пријателите на жртвите.