Вести

Напаѓачот на фудбалерите на Борусија Дортмунд е Русин: Ја активирал бомбата поради пари

Германската полиција приведе 28-годишен Русин, под сомнеж дека е извршител на минатонеделниот напад врз автобусот на фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд, при што еден фудбалер беше повреден.

apsenje

Весникот „Билд“ објави дека приведениот е осомничен дека учествувал во 20 убиства, а го привлекол вниманието на хотелскиот персонал во близина на експлозијата.

Хотелскиот персонал навел дека додека се евакуирале луѓето од зградата, осомничениот Серхеј В. одлучил да не го напушта комплексот, влегол во ресторанот и си порачал вечера.

1fk borusija

Исто така ја сменил резервираната соба и побарал соба со поглед кон улицата. Полицијата претпоставува дека ја активирал бомбата со далечински управувач.

Германското обвинителство инцидентот го оцени како терористички напад. Се претпоставува дека Сергеј В. сакал да заработи пари.

2fk borusija

Полицијата утврдила дека пред нападот тој преку интернет купил акции од Борусија Дортмунд за 78.000 евра. Со нападот сакал да предизвика пораст на вредноста на акциите и да заработи околу четири милиони евра.

3fk borusija

Вечерта на 11 април во Дортмунд пред четвртфиналето во Лига на шампионите меѓу Борусија Дортмунд и францускиот клуб Монако во близина на автобусот на германските фудбалери експлодира бомба, при што беше повреден играчот Марк Бартра.

4fk borusija